Дождлив, ветровит и свеж викенд

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а на планините снег.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер, понекаде со брзина од над 70 километри на час. Ветерот ќе биде најизразен долж пошироко Повардарие и на повисоките места. Максималната температураќе достигне од 9 до 17 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно од изутрина со силен ветер проследен со повремен дожд. Максималната температура ќе достигне 11 степени.

Утринава е облачно со умерен до силен северен ветер проследен со слаб дожд, а најсилен е ветерот повисоко во Скопската котлина.

Изминитатите 24 часа наврнале два литра дожд на метар квадратен во Крушево и три во Тополчани.

Претходна вестЗаев или Шилегов ќе се кандира за скопски градоначалник?
Следна вестВнимателно ако патувате: Влажни коловози и можност од одрони