Дождот ќе биде упорен, а на моменти и пороен

Дождливо и посвежно време во текот на денешниот ден ќе преовладува на скопското подрачје. Синоптичарите очекуваат дождот во одредени делови од денот да биде и пороен, со грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 25 степени.

Слично време се очекува и на подрачјето на целата земја. Локално процесите ќе бидат поинтензивни и во форма на невреме со обилен пороен дожд, електрични празнења, засилен ветер и појава на град. Температурата ќе се движи во интервал помеѓу 23 и 29 степени Целзиусови.

Нестабилното време со честа појава на локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер ќе се задржи до крајот на наделава.

Претходна вестМВР: Регистрирани 365 прекршоци за неносење маска
Следна вестЗнае ли дождот да нареди плочки на Кејот кај ГТЦ?