Драчево доби спортско-рекреативен комплекс “Теодор Стојановски-Тоше”

Новиот спортско рекреативен комплекс “Теодор Стојановски-Тоше” е отворен синоќа во скопската населба Драчево во присуство на голем број на граѓани. Овој комплекс кој го носи името на загинатиот припадник на македонските безбедоносни сили од Втората пешадиска бригада опфаќа површина од околу 7.500 метри квадрати нудејќи можност за играње фудбал и кошарка, рекреација, одмор и релаксација на граѓаните. Уредено е и посебно детско катче, како и пешачките патеки, скверот, летниковците, надополнети со фонтани, урбана опрема и многу зеленило кое ќе се одржува преку систем за самонаводнување.

Беше откриена и бистата на Теодор Стојановски-Тоше, а потоа се одржа и меморијален турнир во фудбал, повторно посветен на овој млад бранител од Драчево.

-Знам дека имате многу убави спомени од поранешниот комплекс кој постоеше на ова исто место и до денес, го носеше името Оксиген. Впрочем, ова било едно од најомилените места на нашата заедница, каде граѓаните може да се одмораат, забавуваат и рекреираат. Но, нема да говориме за негрижата и неодговорно однесување кои од култна локација, “Оксиген” го доведоа до дива депонија. Тие денови се зад нас, бидејќи овој спортско-рекреативен комплекс од денес блеска во нов сјај и дише во духот на новото време кое се чувствува низ целата Општина Кисела Вода, изјави синоќа градоачалник на Кисела Вода Орце Ѓорѓиевски.

 

Претходна вестСемејството Хернандез има 17 деца: Ова е нивната приказна
Следна вест„Гардијан“ го пофали Вучиќ за реакцијата по масакрите: За разлика од Србија, Америка не мрднува со прст