Темен режим Режим на светлина

Драматично реми на Македонија и Велс во Скопје

Македонија и Велс ги поделија бодовите во драматичниот меч кој вечерва се одигра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Се водеше голема борба 90 минути, меѓутоа мрежите на Димитриевски и Дарлоу мируваа до судиското продолжение. Лудата завршница почна по големата грешка на нововлезениот Ален кој испрати топка до Миовски кој ја смести топката во мрежата на гостите за огромна радост на нашите фудбалери и присутната публика.

Изгледаше дека коцките се наместени за да ги освоите трите бода, меѓутоа во 96 минута Велшаните пронајдоа начин и по една спуштена топка во нашиот шестнаесетник Брукс најдобро се снајде и ги постави конечните 1-1.

Со овој резултат двете селекции имаат по 4 бода во групата Ј каде пак вечерва Казахстан дојде до првото славје против Лихтенштајн со 2-0.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Полицајци, наставничка и пожарникар осомничени за незаконско посредување за побрзо издавање на лични документи

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Следна објава
Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места

Променливо облачно со повремен дожд