Дрита Ислами петта во квалификациите на 400 метри на Европското во Истанбул

Петто места во својата квалификациска група на 400 метри освои Дрита Ислами како прва македонска репрезентативка што настапи на Европскотото првенство во атлетика во сала што се одржува во Истанбул, Турција.

Таа во квалификациите на 400 метри беше дел од првата групата во која го освои петтото место со време од 55 секунди и 86 стотинки и за само два стоти дела не успеа да го собори државниот рекорд. Прва низ целта мина Лада Вондрова од Чешка со резултат 52.77 додека место во полуфиналето обезбеди и второпласираната Хенриет Јегер од Норвешка која имаше резултат од 53 секунди и 27 стоти дела од секундата.

Во вкупниот редослед од 27 атлетичарки, Ислами го освои 25-тото место.

Најдобро постигнување во квалификациите има Ана Кјелбасинска од Полска која забележа резултат од 51 секунда и 77 стотинки, а светската рекордерка Фемке Бол беше петта со време од 52 секунди и 35 стотинки.

-Многу сум задоволна од мојот настап на Европското Првенство во Сала, успеав да истрчам резултат од 55.86 кој е само 0.02 стотинки послаб од мојот Државен Рекорд 55.84. Сите тие што ја разбират Атлетиката знаат колку е тешко да се трча овој резултат на прва стаза во сала, со оваа трка завршува мојата зимска сезона и фокусот ми е на летната сезона на 400м со пречки, рече Ислами.

Претходна вестДиректорите на училиштата ќе добијат упатство како да се однесуваат во случај на дојавите за бомби
Следна вестЕП во атлетика во сала: Дарио Ивановски последен во квалификациите на 3.000 метри