И државниот инспекторат ли нема време да ја оценува безбедноста на адреналинскиот парк кај Борис Трајковски?

Дефинитивно никој ли нема ја гарантира безбедноста на адреналинскиот парк поставен неодамна во близина на салата Борис Трајковски? Реквизитите речиси никнаа преку ноќ, оти станува збор за преселувачки парк, што нема да остане тука долго. Односно ќе биде овде во текот на летото само, па и за скопјани е чудно дали и колку екстремните рингишпили и други справи – се реално безбедни.
За соодветен одговор на ова прашање била надлежна техничката инспекција од Државниот инспекторат, но на инсистирање на новинарите, нејзиниот директор, Екрем Буњаки, одговорил само дека патува, и во моментот не можел да зборува. Но во меѓувреме има посетители во адреналинскиот парк, значи време за чекање и одолговлекување нема.
Од општина Карпош пак објаснуваат дека организатор на паркот била фирмата „ЛУНА 10 Битола“, а според договорот сите ризици од било какви несреќни случаи се во нејзини раце како закупувач на просторот.
Овој парк е единственото место каде скопјани можат да ги носат децата за сега, кога станува збор за адреналинско уживање од овоој тип, во време кога Луна паркот е уште многу далеку од реализација. Неговата градба беше стопирана со доаѓањето на новите градски власти, а во моментот се работело на нов проект за тоа како ќе треба да изгледа. Конечната изградба не се знае кога ќе ја дочекаме.