„Дух“ во МНТ

Вечерва на репертоарот на Македонскиот народен театар е претставата „Дух“ во режија на Срќан Јаниќијевиќ.
-Револуција ни треба! Угнетени сме, многу даваме на богатите!” Видовме многу револуции, но гледаме деволуција на свеста денес. Ако порано системот не држел во јаремот на незнаење, сега самите си го закачуваме, и орно го влечеме човештвото и планетава во пропаст. Ако се смеевме на “Крајот
на историјата” сега историјата на Крајот, ни се кези во лице. Но сепак “не можеш да убиеш Дух”. Дух на надеж, дух на револт кон неправдата и угнетеноста. Нашиот “Дух” говори за тој дух, ќе рече за претставата режисерот.