ДУИ ќе лета од учебникот по албански јазик за 5-то одделение

Ќе се корегираат пропустите во учебникот по албански јазик за 5-то одделение во основното образование, соопшти денеска Министерството за образование.

– Со оглед на тоа дека образованието, а воедно и целокупниот воспитно-образовен процес се политички неутрални и надвор од дневните партиски политики, а со цел избегнување на инволвираност на одредена политичка партија или структура во учебниците, МОН апелира до авторот на посочениот учебник и Педагошката служба, да постапат согласно Законот за учебници. Веднаш по постапувањето на авторот и Педагошката служба, Министерството за образование и наука во комуникација со економскиот оператор кој е избран да ги испечати учебниците за учениците од основното образование, во најкус временски рок и без дополнителни трошоци по буџетот, ќе изврши корекција на увидените пропусти и грешки, соопшти МОН

До реакцијата доаѓа откако партијата Алијанса за Албанците вчера побара повлекување на овој учебник бидјеќи во една од лекциите е наведено  името на владеачката партија ДУИ. Портпаролот на Алијанса за Албанците, Наим Бајрами вчера обвини дека се случува партизација на образованието.

– Со години го креваме гласот против различните облици на партизација на образованието. Од оваа власт слушнавме само ветувања дека ќе работат на деполитизација, а во реалноста го направија спротивното, со воведување на партијата во секоја пора на образованието. Неодамна партијата влезе и во учебниците и во текстовите на најчувствителните возрасни групи. ДУИ веќе влезе како пример во учебникот по албански јазик за петто одделение, поточно на лекцијата за кратенки, каде што се споменуваат примери на земји и меѓународни институции, рече Бајрами.

Претходна вестКнига со поезија за деца од македонски автори објавена на словенечки јазик
Следна вестАпел на РСБСП: Не дозволувајте непромислена грешка, не возете под дејство на алкохол,