ДУИ СО НОВИ УСЛОВИ: 5 главни столба за преговори во таканаречена „албанска платформа“

По неуспехот на лидерот на ДУИ Али Ахмети да ги собере албанските партии на средба за да се координираат околу нивната идеја за прв Албанец премиер на Македонија, сега Бујар Османи вели дека тие дефинирале 5 столба за преговори меѓу партиите на Албанците.

„Многу е важно да се согласиме за оваа албанска платформа во политичката трка која треба да биде постојана за албанската политика:

1.На изборите не се тркаме со повеќе од две листи. 2. Партијата која ќе добие глас повеќе зборува во име на Албанците во другите општини. 3. Партиите и пратениците кои имаат глас помалку, даваат поддршка на првата партија која за стратешките линии ќе зборуваат во името на сите пратеници Албанци, а за дневно политички прашања ќе биде главен коректор. 4. Пратениците на партиите кои не победиле не водат разговори на страна за да ги ослабнат преговарачките позиции на победничката партија (како во 2006). 5. Можност за соработки во разни форми во интерес на граѓаните меѓу албанските политички партии“, истакна Бујар Османи.

За време на предизборната кампања ДУИ и коалицијата АА-ААА имаа силни разлики во однос на идејата за премиер Албанец, не за да се спротивстават на идејата туку за да подвлечат дека оваа идеја на ДУИ е само за да привлече повеќе гласови. Лидерот на ДУИ, Али Ахмети ги покани албанските партии на заедничка средба за да се координираат што по добивањето на 32 мандати од албанските политики партии.

Претходна вестСкопје се сеќава: Земјотресот во 1963, кој до темел го разурна главниот град
Следна вестЧетири дена IT-експертите во министерствата за здравство и образование не можат да се справат со нападот од Анонимусите