Дуќанџиите бараат домаќинско работење во ГТЦ

Протест на кој побараа итно решавање на бројните проблеми и примена на законската регулатива, одржаа денеска пред Владата сопствениците на деловен простор во Градски трговски центар. Дуќанџиите велат дека протестираат поради „бројните проблеми што се натрупуваат поради недомаќинското управување“ на раководството на ова Акционерско друштво кое управува со 600 различни сопственици на деловни простории.

Тие наведуваат дека сите барања се во согласност со постоечката законска регулатива и заклучоците на Републичката комисија за енергетика, Регулаторната комисија за домување и Министерството за транспорт и врски.

-Бараме директни договори за снабдување со лиценциран снабдувач на електрична енергија, заедничко управување од сите сопственици на деловен простор во ГТЦ, договори за парно греење со лиценциран снабдувач, климатизација и греење контролирано од органот за заедничко управување во ГТЦ, договори за водоснабдување со питка вода со лиценциран снабдувач, времено затворените дуќани да плаќаат елементарна такса за одржување и да се исклучат од системот за греење/ладење и климатизација, АД ГТЦ за деловниот простор што го има во сопственост да плаќа исти давачки како што плаќаат сите други сопственици, вели Емил Јосковски, претседател на Здружение на дуќанџии при ГТЦ.

Претходна вестПоразителен приемен испит во „Орце Николов“: Од 292 ученици со сите петки, само 11 ученици покажале одличен успех
Следна вестНа „Ќафасан“ уапсени седум лица, дозволиле или вршеле шверц на стока од Македонија