Дури да бидне „Лајка“ сите ќе сме „бележани“ од кучешки заби

Додека најавениот нов стационар „Лајка“ да се случи, веројатно ќе нема човек кој нема да е настрадан од куче скитник. Со други зборови, како бележани ќе си ги носиме кучешките заби по нозете и рацете, оти без разлика дали е зиме или лете, уличните животни не се воздржуваат. А ги има многу, како во ниедна друга метропола.
Конкретно, само вчера двајца скопјани пријавиле дека се каснати од кучиња. Околу 23.30 часот синоќа во полициската станица Ѓорче Петров, Б.Б.(31) од Скопјвотни пријавил дека истиот ден околу 19.30 часот на кејот на реката Вардар, неговиот малолетен син, додека се шетал со мајка му, бил каснат од куче скитник во пределот на десната потколеница. Истиот ден само во друга станица, во Гази Баба, 79-годишниот М.П. пријавил дека претходниот ден во 21.00 час на ул. „Јани Лукровски“ бил каснат од куче скитник во пределот на десната нога.
Се чини како проблемот со скитниците -кучиња, да нема решение. Дали и „Лајка“ ќе биде конечното, гаранции нема. А мора да се најдат, оти ако проблемот е решлив во европските градови, зошто да не е и кај нас.