Дури сега има многу работа за Филипче

Конечно по многу месеци попушти пандемијата. Вирусот како да се измори. Бројот на новозаразени се намалува, починати нема два дена, а секојдневно се намалува и бројот на пациентите по болниците. Но, треба ли да се опуштиме?

Можноста за уште поголемо движење и дружење, за неносење на заштитни маски на отворените простори, за патувања… не смее да се претвори во заборавање на опасноста од вирусот. Тој не е целосно победен. Затоа неопходна е и понатамошна внимателност, заштита и држење на дистанца од сите граѓани.

Опуштање особено не треба да има кај надлежните институции. Здравствениот сектор овој полабав период треба да го искористи за да се преструктуира, надополни, модернизира и подобро организира. Министерот Филипче дури сега има многу работа, затоа што многу од работата била запоставена пред да не изненади вирусот.

Да потсетиме, Македонија до сега поднесе големи жртви со околу 156.000 заболени и 5.472 починати граѓани. Ова не треба да ни се повтори.

Претходна вестМилениум ги отвора вратите за кино-вљубениците
Следна вестСлучај поротник: Антикорупциска смета дека партиската определба не е критериум за разрешување