Два македонски филма номинирани меѓу најдобрите на францускиот фестивал Lux Prise 2019

„Господ постои името ѝ е Петрунија“ и „Медена земја“, првиот во режија на Теона Митевска и вториот во режија на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов се номинирани за LUX Prize 2019 награда за филм на Европскиот Парламент.
Ќе треба да почекаме до 23 јули за кога е најавено дека ќе бидат избрани трите филма. Оние кои ќе ги добијат престижните топ три позиции, ќе бидат преведени на 24 официјални јазици на Европската Унија и ќе се прикажат во 28 ЕУ земји за време на LUX Film Days.