Дваесет годишно момче прегази пешак во Тетово

Дваесет годишниот И.А. од с. Шипковица тетовско, вчера околу еден часот по пладне, управувајки со автомобил удрил во осумдесет и две годишниот пешак С.Р. од Тетово кој од несреќата се здобил со тешки телесни повреди.

– На 07.03.2023 во 12:40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на улицата „Штипска“ во Тетово, патничко возило со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.А. од с.Шипковица тетовско, удрило во пешакот С.Р. од Тетово. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, а истите биле констатирани во Клиничкиот центар во Тетово, се вели во известувањето од полицијата.

На местото на несреќата бил извршен увид од екипа на СВР Тетово.

Претходна вестСрпски научници во отпад ќе бараат лек за рак
Следна вестУапсен маж, ограбил жена додека се качувала во автобус