Дваесетгодишен скопјанец, осомничен дека е дилер на дрога доби кривична пријава

Дваесетгодишен скопјанец заработи кривична пријава оти постоеле основи за сомневање дека произведувал и препродавал дрога. Во кривичната пријава што против него ја поднел одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, стои делото „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори”.
-На 11.03.2019 во село Глажња, општина Липково, полициски службеници извршиле претрес во домот на З.А., татко на пријавениот, и во собата на пријавениот биле пронајдени и одземени 129 грама кокаин, 155550 денари и 100 евра. Од страна на судија на претходна постапка на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, соопштува МВР.