Двајца мажи измамиле и одзеле пари од жител од Гостиварско

Вчера во 12:20 часот во СВР Тетово, 64-годишен жител на гостиварско село, пријавил дека околу 11:00 часот на улица Беличица во Гостивар две машки лица, од кои едното зборувало на арапски јазик, го измамиле и му одзеле пари.

Според пријавеното, тие му ги побарале парите наводно за да ги покажат на сопругата на едното лице и притоа му оставиле торбичка со девизи како гаранција дека ќе се вратат.

Како што било пријавено, откако не се вратиле, тој ја отворил торбата и забележал дека нема девизи и сфатил дека е измамен.

Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.