Двајца починати и 53 нови случаи на Ковид-19

Во последните 24 часа направени се 1.185 тестови, а регистрирани се 53 нови случаи на Ковид-19, соопшти денеска Министерството за здравство. Од нив во Скопје се 38, Битола – 6, Куманово – 2, Тетово, Охрид, Штип, Струмица, Кичево, Берово и Виница – по 1.

Од вкупниот број на позитивни (53), регистрирани се 9 реинфекции.

Регистрирани се 94 оздравени пациенти од: Скопје – 63, Охрид – 7, Битола – 5, Велес, Кочани и Берово – по 3, Куманово и Неготино – по 2, Прилеп, Тетово, Штип, Струга, Свети Николе и Дебар – по 1.

-Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин регистрирани се две починати лица од Скопје (53г) и Охрид (78г), починати во болнички услови. Пријавените лица се починати во период од 03-08.05.2022 година, се наведува во соопштението.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 312.345, бројот на оздравени пациенти е 302.602, на починати е 9.311, а бројот на активни случаи изнесува 432.

Претходна вестВласта не го прифати опозицискиот предлог да се намали акцизата за горивата
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Инцидентот во Битола е реакција на владејачкото распродавање на националните интереси