Дванесетгодишно дете удрено со автомобил, тешко е повредено

Повторно пострада пешак во сообраќајка во Скопје. Овој пат тешко е повредено 12-годишно дете, откако во него вчера удрил автомобил на крстосницата од улиците „Антон Попов“ и „Дренак“ во Скопје.
Детето било пренесено на клиниката „Мајка Тереза“, каде му била укажана лекарска помош.
Полицијата го расчистува на случајот.