Две момчиња избодени со нож пред маркет во Чаир

Двајца малолетници со убодни рани од нож вчера биле примени во поранешната градска болница во Скопје.

Според информациите на МВР, околу 21.25 часот во полиција од хируршката болница „Св. Наум Охридски“ било пријавено дека кај нив со повреди од остар предмет биле донесени две лица на возраст од 17 години.

Во разговор со полициски службеници тие изјавиле дека пред маркет на подрачјето на Чаир биле нападнати од три лица.

СВР Скопје презема мерки за расчистување на случајот.

Претходна вестМобилни тимови за лоцирање на трговија со луѓе – глави точки се Скопје, Тетово, Битола, Гевгелија и Куманово
Следна вестМицкоски: Власта предложи подигање на прагот за независните листи на 2 отсто