Две неексплодирани гранати пронајдени во двор на куќа во Кичевско

Кичевец во својот двор пронашол две неексплодирани гранати од Втората светска војна.

Според информациите на МВР, вчера, во полиција, И. Б. (43) од Кичево, пријавил дека додека изведувал градежни работи во својата куќа во село Горно Раштани, пронашол две неексплодирани гранати.

При увид извршен од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување било утврдено дека станува збор за рачни гранати од италијанско потекло од Втората светска војна.

Гранатите биле безбедно подигнати за понатамошна постапка.

Претходна вестПатнички воз излетал од шините во Скопје
Следна вест123 новозаразени и тројца починати од Ковид-19