Со тешки телесни повреди се здобиле две жени во сообраќајна несреќа која се случила синоќа кај езерото „Младост“ во близина на Велес. Државната агенција МИА информира дека до несреќата дошло на патот Башино Село – Отовица при што дошло до превртување ма автомобилот.
-Едното лице е со повреди на двата долни екстремитети и еден горен , а другата со повреди на десен и лев долен екстремитет информира д-р Василка Пановска Поп Стефанова од службата за ИМБ при ЈЗУ Здравствен Дом.
Од страна на два тима од ИМБ пациентите се згрижени на лице место и поради сериозност на повредите, итно се однесени на хирушкиот одел при велешката болница, за понатамошно лекување.