Две женски лица од Гостивар се приведени под сомнение за сторени измами

Под сомнение за сторени кривични дела – измама, две женски лица на возраст од 41 и 26 години вчера се лишени од слобода. Како што е наведено во соопштението од полицијата, едната од нив измамила повеќе лица од кои земала пари ветувајќи дека ќе им обезбедат работни визи за во Германија.

– Полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар вчера  околу 14.15 часот ги лишиле од слобода 41-годишната тетовка А.А. и 26-годишната Ф.Б. од гостиварско Србиново.Тетовката, која во Гостивар престојувала кај Ф.Б, се сомничи дека минатата и оваа година на подрачјето на Гостивар, Тетово и Скопје извршила над 5 измами, лажно ветувајќи им на измамените дека ќе им обезбеди работни визи за Германија, за што им побарала и добила одреден паричен надоместок, се вели во соопштението од МВР.

Двете се задржани во Полициската станица Гостивар за целосно расчистување и документирање на случајот, по што на А.А. ќе ѝ биде изготвен поднесок по член 247 од Кривичниот законик.

Претходна вестПо пропаѓањето на улицата зад Универзална сала казни од 12.500 евра за инвеститорот и изведувачот
Следна вестДа ги анкетираа министрите дали се среќни, а не народот – ќе бевме највесела нација на Балканот