Двегодишно дете се удави во канал за наводнување

Двегодишно дете вчеравечер се удавило во отворениот канал кој служи за наводнување во близина на Градско. Родителите на детето, кои биле од скопската населба Шуто Оризари, престојувале во Долно Чичево заради берба на грозје.

-На 3 септември околу 20.00 часот во СВР Велес било пријавено дека на место викано Рамниште, атар на село Долно Чичево, Општина Градско, во отворен канал за наводнување било пронајдено удавено двегодишно дете од населбата Шуто Оризари, Скопје. Лекар од Градско констатирал смрт без траги на насилство, рече Верољуб Додески, портпарол на СВР Велес.

По наредба на јавен обвинител, телото е предадено на обдукција во Институт за судска медицина -Скопје. Бил извршен увид на местото на настанот, по што ќе биде познато како детето завршило во отворениот канал на водостопанство Тиквешко Поле Макарија широк 3, а длабок 1,5 метри и полн со вода.

Претходна вестНе веруваме дека има помалку од 10.000 бездомни кучиња во Скопје
Следна вестУниверзална сала е љубоморна на новиот клинички центар