Двегодишно дете тешко повредено по падот од четврти кат во Аеродром

Со тешки телесни повреди се здобило двегодишно дете откако ноќеска по полноќ паднало од четврти кат на зграда во општина Аеродром.

МВР соопшти дека настанот се случил во зградата во којашто детето и живее.

-На 22.06.2022 во 00.47 часот во СВР Скопје било пријавено дека двегодишно дете паднало од четврти кат од зградата во која живеее. Според пријавеното, додека родителите биле во станот, детето излегло на оградената тераса и се качило на стол, по што паднало, соопштија од МВР.

По несреќата на детето му била укажана лекарска помош на детската клиника во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ и биле констатирани тешки телесни повреди.

-Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот, соопштија од МВР.

Претходна вестТрајанов и Милевски само го критикуваат францускиот предлог или ќе преземат и нешто повеќе?
Следна вестПендаровски пак кажа силни зборови, овој пат ќе остане ли силно позади нив?