Двегодишно девојче почина откако на паркинг било удрено од автомобил

Двегодишно девојче од Скопје починало од повредите откако било удрено од автомобилот на паркингот на улицата „23 Октомври“ вчера попладне. Трагичната несреќа се случила во 14.45 часот на поранешната улица „Владимир Комаров“ во општина Аеродром, кога патничко возило „фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(35) од Скопје, удрило во девојчето. Од ударот, детето се здобило со тешки повреди и со истото возило било пренесено во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ каде му била укажана лекарска помош. Но, во 15.20 часот детето им подлегнало на повредите.
Полицијата се уште не си соопшти деталите за несреќата. Увид на местото на настанот извршиле Јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје.