Џафери: Не може да ме навредуваат на лична основа а јас да не одговорам на тоа

Не може за мене да се изнесуваат навреди на лична основа а јас да не одговорам на тоа, изјави денеска Талат Џафери, претседател на македонското Собрание. На денешната средба со новинари тој рече дека оние што го навредуваат мора да сметаат на неговиот карактер.

-Ако некој почнал на лична основа јавно да ме навредува, што сум јас таму. Не е ниту еден отсто тоа што им враќам на тие навреди. Мора да сметаат на мојот карактер и јас имам праг на толеранција, вели Џафери.

На брифингот ЏАфери рече дека не се подготвува за предвремени избори, потсетувајќи ја притоа опозицијата дека за тоа се потребни претходни подготовки имајќи предвид дека сто дена пред вакви избори е потребно формирање техничка Влада. Исто така, било преурането да ги коментира најавите за уставни измени и за референдум во врска со европскиот предлог.

-Нема материјал за да се изјаснам. Опозицијата хипотетички прави ситуација, истакна претседателот на Собранието.

Во врска со актуелните случувања во Парламернтот со немањето кворум и активната блокада од ВМРО-ДПМНЕ, Џафери беше дециден дека пратениците треба да си ја заработат платата и да бидат во салата, а дека проблемите во владејачката коалиција треба да се решаваат политички, а не со неприсуство и негласање на законите.

-Не е прашањето на еден субјект, туку еден па друг субјект. Ако односите во извршната власт имаат проблем поради политичките договори, треба таму да ги решаваат. Мене политички договори не ме интересираат. Овде сме дојдени за гласање на закони. Има две решенија или ќе бидеш присутен или ќе го распуштиш Собранието или направи друго мнозинство. Должни се да присуствуваат на седница, истакна тој.

За отсуствата од седниците на лидерот на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи, вели дека за изјаснување односно гласање тие се најредовни во Собранието. Осуството на Ахмети, според него, е поради партиски активности како лидер на партија.

Собранието официјално оди на одмор по Илинден, а првите активности се очекуваат од 29 август. Првата редовна седница ќе биде закажана за 13 септември, а дотогаш ќе се одржуваат седници на комисии и продолженија на незавршени седници.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ со пријава до Антикорупциска, Ацевски ги повика институциите да ја истражат набавката на битумен
Следна вестМицкоски: После подолго време за прв пат сме на иста бранова должина со Пендаровски, очекувам да ги повика партитие на рефрендум