Џонсон поднесе оставка на чело на конзервативците, премиер ќе биде додека да се избере новиот лидер

Оставка од лидерската функција во својата Конзервативна партија дненеска поднесе британскиот премиер Борис Џонсон. До ова дојде откако низа министри во кабинетот му кажаа дека ја изгубил поддршката од партијата. Во изјавата пред Даунинг стрит, Џонсон објави дека се повлекува од функцијата лидер на партијата, но рече дека планира да остане премиер додека партијата го избира неговиот наследник.

Преходно, повеќе од 50 министри и вработени во неговиот кабинет дадоа оставка. Тој денеска зборуваше на Даунинг стрит и потврди дека ќе поднесе оставка.

-Сакам да знаете колку сум тажен што се откажувам од најдоброто работно место во светот. Но тоа е тоа, рече тој, пренесе Би-би-си.

Тој додаде дека процесот на избор на нов партиски лидер треба да започне сега а тој ќе остане на функцијата британски премиер сѐ додека не се избере новиот лидер.
Заминувањето на Џонсон се случува по серија скандали што го потресуваа неговиот Кабинет и по што се појавија бројни барања да ја напушти функцијата. Делегација на високи министри и високи личности што ги претставува конзервативните пратеници кои не се во владата отиде на Даунинг стрит во средата вечерта за да му каже на Џонсон дека треба достоинствено да си оди од функцијата. Но, тој тогаш одби да отстапи со образложение дека имал мандат да управува од речиси 14 милиони гласачи кои гласаа за конзервативците во декември 2019 година, кога тој дојде на власт со ветување дека ќе го реши излегувањето на Британија од Европската унија по долгогодишни жестоки расправии.

Фото: ФБ

Претходна вестГоривата поевтинуваат од 2,5 до 3 денари
Следна вестКалин Ивановски не стаса до полуфиналето на јуниорскиот Вимблдон, загуби од Роденас