Темен режим Режим на светлина

ДЗС: Целосно изгаснат пожарот во депонијата во Арачиново

Целосно е изгаснат пожарот во депонијата во Арачиново што изби вчера попладне иако се уште може да се забележи чадење од неколку места.

– По неколкучасовно гаснење со специјална пена скопските пожарникари успеаја целосно да го изгаснат огнот во депонијата кај Арачиново иако се уште може да се забележи чадење од неколку места, информираат од Дирекцијата за заштита и спасување.

Пожарот во депонијата во Арачиново избувна вчера попладне.

Според Центарот за управување со кризи, пак, до 7:00 часот утринава на територијата на државава има вкупно 25 пожари на отворен простор, од кои еден е активен, пет се под контрола, а 19 се изгаснати. Активен е само пожарот во Општина Долнени во село Долгаец кај м.в. Тутуница каде гори ниска вегетацја.

Под контрола с епожарите во Општина Прилел: с.Дабница и м.в. Три багреми (ниска вегетација и ѓубре); Општина Гевгелија: Планина Кожуф (приземен пожар); Општина Студеничани: с.Малчиште-с.Осинчани (ниска вегетација и деградирана шума); Општина Чучер Сандево и Липково: с.Малино, с.Танушевци и с.Лукаре (мешана шума); и Општина Делчево: Делчево депонија Острец (депонија).

Изгаснати се пожарите во Општина Бутел во депонијата Визбегово (запалено ѓубре); и на бул.Босна и Херцеговина (ниска вегетација); Општина Чаир кај Скопски Аквадукт (ниска вегетација); Општина Македонски Брод над с.Бенче на планината Добра Вода (дабова шума и папрат); Општина Штип с.Љуботен (запалена ниска вегетација зафатена 1 куќа и 3 штали); Општина Штип с.Видовиште (ниска вегетација); Општина Демир Хисар с.Суводол (ниска вегетација и отпад);

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Општина Аеродром поднесе кривична пријава против ЈП „Комунална хигиена“ за загрозување на животната средина

Следна објава

ГАЗА: 700.000 лица ги напуштиле градските подрачја на Газа