Ѕвездено небо во чест на Панчо вечерва на плоштадот во Штип

31

Штипјани вечерва ќе го подигнат погледот кон небото за да му оддадат
почит на Владимир Блажев – Панчо од групата ДНК, кој вчера почина по
здобиените повреди во пожарот во кочанската дискотека „Пулс“.
Организаторите ги повикуваат сите што го познавале и што биле на
неговите концерти, да се соберат во 20:00 часот на Градскиот плоштад и
под мотото „Ѕвездено небо во чест на Панчо“, да се потсетат на овој
хуман човек и наговите песни.
„Небото да блеска како што Панчо блескаше со сите нас“, стои во повикот што брзо се шири на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/Facebook

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестМинистерот Алиу во посета на Општата болница Гостивар
Следна вестВо Битола се гради нов Центар за спорт и рекреација вреден над 40 милиони денари, кажа Коњановски