Еден месец возење по „Јадранска магистрала“ е како да трчаш по камења со боси нозе

„Улици и патишта“ реконструираат тротоари на улицата „Московска“, но и на „Франклин Рузвелт“ како и „Партизански одреди“. Од претпријатието со гордост информираат дека се работело паралелено на ситеулици, за да се завршело што побрзо и подобро.

Секоја интервенција со цел нова инфраструктурна мрежа на метрополата е за поздрав. Но не само тротоари, неопходно е да се санираат дупките по самите споменати улици. На пример, на „Партизанска“ која е веќе реставрирана како булевар, скопјани очекуваа дека додека се работеше на нејзиниот нов асфалт барем шахтите ќе се нивелираат со улицата и нема повеќе, на релација од Соборниот храм до Ѓорче Петров да ги кршиме автомобилите. Ама за жал „Партизанска“ светна, но шахтите останаа исти.

Вториот проблем е што впечатокот на граѓаните е како да се работи само во центарот на градот. Што е со другите клучни улици и населби? Како на пример „Јадранска магистрала“, која води кон Визбегово и на излез кон Косово…
-Еден месец возење по „Јадранска магистрала“ е како да трчаш по камења исто толку време со боси нозе, стапалата ќе ги уништиш – коментираат скопјани, револтирани што сите имаат уништени автомобили, користејќи го овој пат за да стигнат до дома или до работните места.

Надлежните како се помалку да ги слушаат молбите и апелите од граѓаните. Тротоарите во Градот и не беа најголемиот проблем, но погоре посочените прашања секако заслужуваат одговор.

Претходна вестЗатвореник од Идризово убедил седум лица дека е директор и им зел пари – сето тоа по телефон
Следна вестМКЦ стана дел од „Лајвјуроп“