Велешката полиција уапсила 20-годишник од селото Богомила бидејќи е осомничен дека убил 62-годишен жител на истото село.
– На 22.01.2023 околу 20.30 часот во село Богомила настанала физичка пресметка помеѓу него и Р.С.(62) од село Богомила, по што го напуштил местото, а за кратко време Р.С. бил пронајден починат. Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид на местото извршил Јавен обвинител од ОЈО Велес и екипа од СВР Велес, велат од МВР.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. И.Г. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.