Единаесет возачи возеле и зборувале на телефон, десетмина немале дозвола…

На територија на град Скопје изречени се вкупно 130 мерки, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопското подрачје.

-Меѓу нив, за возење без возачка дозвола имаше 10 санкции, 10 мерки за возење под дејство на алкохол, четири санкции за возач почетник, 11 мерки за користење мобилен телефон при возење…, се наведува во информацијата.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, укажуваат од МВР.