Единаесет возачи возеле пијани, деветмина поминалне на црвено светло…

На територија на град Скопје изречени се вкупно 128 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 20 санкции, соопти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Имало и девет мерки за возење без возачка дозвола и 11 санкции за возење под дејство на алкохол.

-Изречени се седум мерки за користење мобилен телефон, девет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за возач почетник, 10 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли…, се наведува во информацијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, соопшти МВР.

Претходна вестМОН: Документите за студентска стипендија да се доставуваат од 1 до 30 октомври
Следна вестСкопјанка пронајдена почината во својот дом