Единаесетта меѓународна научна конференција „Охрид-Водици 2023″

По 11. пат денеска и утре ќе се одржи меѓународната научна конференција „Охрид-Водици 2023″ со наслов „Предизвици на идентитетот, културното наследство, одржливиот развој или туризмот поврзани со нови кризи” во организација на Центарот за напредни истражувања. Годинава, конференцијата ќе се одржи со физичко присуство и онлајн преку платформата Зум.

– Тематски фокус на оваа конференцијата ќе биде „Глобалните трендови и предизвици поврзани со идентитетите, културното наследство, животната средина, креативните заедници, туризмот и одржливиот локален, регионален развој. За конференцијата се пријавени 47 трудови, презентации од 12 земји.

Свое обраќања на конференцијата, како што најавуваат организаторите, ќе имаат вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, претседателот на Програмскиот комитет на конференцијата, Рубин Земон, членот на Програмскиот комитет и претседател на Социјалната организација за поддршка на проучувањето на културното наследство (МИРАС) од Баку, Фариз Калили, членот на Програмскиот комитет на турскиот Универзитет „Ајдин Аднан Мендерес”, Ахмет Ајтач и уредникот на „Журналот за глобални процеси” од Мајами, Зоран Виторовиќ.

Конференцијата се одржува во партнерство со МИРАС, Универзитетот „Ајдин Аднан Мендерес” и списанието „Журнал за глобални процеси”.

Претходна вестНужни се избори: Секој месец плус за Владата е година минус за Македонија!
Следна вестПо бојкотот на приватните превозници ЈСП „Скопје“ ќе продолжи да го извршува јавниот превоз