Едните не знаат да ги направат, другите не знаат да ги чуваат

Некоја анализа сигурно би покажала дека Скопје спаѓа во ред на метрополите во кои спомениците не се одржуваат како што треба. Едно се исчкртани, други оштетени, трети со запустена околина… А во посебна група се оние коишто се распаѓаат. Таков е, на пример, случајот со спомениците на поснатите писатели Славко Јаневски и на Тарас Шевченко во централниот градски парк „Жена – борец“.

Веќе со месеци тие се распаѓаат при што процесот е почнат од нивните постаменти. Мермерните плочи со кои беа поплочени постаментите паднаа и се искршија. Очигледно беше дека се работи за неквалитетна изведба од страна на оние кои ги правеле спомениците.

Од друга страна, тоа не е причина надлежните во општина Центар и во Градот Скопје да не се заинтересираат за состојбата на спомениците и да организираат нивна поправка. Но, тоа веќе неколку месеци не се прави. Зошто?

Вака, спомениците на писателиte полека се претвораат во спомениците на нечијa негрижа покрај кои поминуваат домашни и странски посетители на Скопје…