Едно девојче убиено во напад со нож во сиропиталиште

Во напад со нож во сиропиталиште во Полска маж уби тинејџерка и повреди девет лица, соопшти полицијата во градот Лоѓ. Убиецот е приведен.

– Полицијата го приведе мажот синоќа и ги истражува причините за нападот, изјави портпаролката Анета Собиерај за Полската државна телевизија.

Како што изјавила, 16-годишната штитеничка починала на лице место, а пет лица се хоспитализирани.

На останатите повредени им била укажана помош на лице место.

Претходна вестЦените на нафтата во пад, барелот денеска чини 76 долари
Следна вестКолку време и е потребно на вештачката интелигенција да ви ја пробие лозинката?