Едно хибридно возило помалку, многу дрвја повеќе

Од бројните изборни ветувања кои им ги дал на скопјани градоначалникот Петре Шилегов вчера побрза да се погрижи со градските пари да купи шест хибридни возила за бројната градска администрација. Оправдувањето за трошењето на 102.000 евра, пари на граѓаните, е да се даде пример за одговорно однесување кон животната средина бидејќи овие возила помалку ќе ја загадуваат околината.
Нема дилеми дека овие возила помалку испуштаат CО2 и дека помалку трошат бензин, но има многу прашања околу ова трошење на парите на граѓаните. На пример, толку ли беше ургентна набавката на возила за администрацијата која никако да почне да се намалува? Не можеше ли ваквото инвестирање во животната средина да се замени со инвестиција во набавката на возила за брза помош или за противпожарната служба. На крајот на крашитата, не можеше ли да се набават помалку возила, а за тие пари да се набават нови садници или да се уреди некое зелено катче во градот и така да се направи еколошки гест?