Едно лице загина во пожар во куќа во Струмица

Едно лице загина во пожар што избувнал синоќа по 20 часот во ќуќа на улица „Пиринска” број 26 во Струмица. Според информациите од ТППЕ Струмица, загинатиот во пожарот е член на семејството кое живеело во куќата и засега се непознати причините за трагедијата.

-Пожарот е пријавен во 20:16, а во гаснењето учествуваа три против пожарни возила и 9 пожарникари. Пожарот е ликвидиран за еден час, но за жал во него има загинато едно лице, информираше командирот на ТППЕ Струмица, Александар Гудев.

Претходна вестОпштина Центар најави акција за отстранување блокатори, се заборави ли на онаа за крпење на дупките?
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Дали власта на Ковачевски свесно дозволува криминалците да хараат и да бегаат од затворите?