Едно потешко и две полесно повредени лица во верижната сообраќајка на автопатот Велес-Скопје

Три лица се повредени во голема сообраќајна несреќа во која учествуваа шест возила на делницата на автопатот од Велес кон Скопје. Во верижниот судир кај месноста Кула за кој се претпоставува дека се случил заради лизгав коловоз, според првичните информации, со потешки повреди се здобила една жена. Таа е веднаш е префлена во скопскиот Ургентен центар за да и се укаже лекарска помош. Две лица кои се татко и ќерка се однесени во велешката Општа болница со полесни телесни повреди и нагмечување на телото.

Несреќата се случила околу девет часот изутринава.

Поради несреќата, сообраќајот е сé уште во прекин, а полицијата врши увид. Се очекува наскоро оваа делница да биде отворена за сообраќај.