„Егзит“ потврди дека доаѓа во Македонија

51

Познатиот регионален фестивал „Егзит“ (EXIT) објави дека, во рамки на својата светска турнеја „EXIT Global Tour“, следната година ќе се одржи во повеќе земји, меѓу кои и Македонија. Според објавата на официјалниот Инстаграм профил на „Егзит“, првите дестинации за 2026 Exit Global Tour година се Египет, Индија, Малта, Хрватска, Македонија и Србија.

Со ова, се потврдуваат и претходните најави на организаторите дека во тек е реализацијата на плановите за голем фестивал во Скопје, како дел од семејството на „Егзит“ фестивали ширум светот.

– Започнати се плановите за реализација на фестивалот во Скопје. Големо ни е задоволството што добивме покана Скопје да стане дел од Егзитовото фестивалско семејство. Македонската публика е од првиот ден меѓу најверните на „Егзит“ и затоа сме подготвени, во партнерство со локални организации и музичари, веќе наредната година, да започнеме голем фестивал во Скопје – стоеше во претходната изјава на организаторите.

„Егзит“, кој потекнува од Нови Сад, е еден од најпризнатите музички фестивали во Европа и светот, познат по својата уникатна комбинација на музика, младинска енергија и општествена порака. Само во Србија, фестивалот досега генерирал над 300 милиони евра туристички прилив, а неговите изданија низ регионот се препознаваат по силниот економски и културен ефект.

Овој настан во јавноста беше првично најавен по средбата меѓу основачот на „Егзит“, Душан Ковачевиќ, и градоначалникот на Кисела Вода и актуелен кандидат за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, по која беше првично најавено дека фестивалот ќе дојде во македонската престолнина.

Со денешната официјална објава на „Егзит“, се потврдуваат тие најави и се реализира ветувањето дека Скопје ќе стане дел од светската фестивалска мапа.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна вестТоневски најави нова велосипедска патека од Пробиштип до Ратавица
Следна вестВакво нешто долго не се памети: Манчестер Јунајтед врза три победи во Премиер лигата