Ех, да можеше со зборување и ветување да се направи Универзална…

Универзална сала уште чека да биде реновирана иако тоа и беше ветено од градоначалникот Шилегов уште пред да дојде на функција. Сепак градоначалникот не ја заборава, за денеска се најавува дека во паркот на МКЦ ќе се организира трибина во врска со идните планови за Универзалната сала.

Се очекува на трибината да учествуваат претставници на државни и културни институции, здруженија на граѓани од областа на културата, спортот, архитектурата како и организатори на фестивали и културни манифестации што се организирале во Универзалната сала.

Ех, да можеше само со зборови и ветувања да се направи руинираниот култен објект, тој одамна ќе беше готов. Вака ќе се кажат неколку идеи, ќе се остави тоа да „слегне“ па ќе се даде нови ветувања, па потоа наместо градежници да работат ќе излезе нов предлог, па пак расправи што да се прави и така пројде мандатот на Шилегов.

Среќа Универзална сала не може да зборува на трибината…

Претходна вестЈа претепал сосетката, а потоа и ги искршил прозорците од куќата
Следна вестСончево, со периоди на засилен дожд и ветер