„Ех таа серенада“, повторно во Битола

Културен и информативен центар, Битола објавува конкурс, за 14 нови композиции за потребите на фестивалот на битолската серенада “Ех таа серенада” 2023.

– Композициите треба де се во согласност со досегашните принципи на компонирање на музика и пишување на текстови во корелација со староградската музика, со потенцирање на битолската серенада како основен уметнички израз. Музичките дела ги очекуваме како демо снимка во mp3 формат, аплициран текст, и/или нотен запис на мелодиската линија со запишани акорди на нашата електронска адреса ([email protected]). Избраните музички дела ќе бидат хонорирани со 12.000 денари за текст, 12.000 денари за музика и 12.000 денари аранжман. Изведувачите ќе добијат хонорар од 5.000 денари“, соопштуваат организаторите.

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени најдоцна до 15.04.2023 Фестивалот “Ех таа серенада” 2023 ќе се одржи во Офицерски дом – Битола (плато) во рамките на Бит Фест 2023.

Претходна вестВо МАНУ ќе се штрајкува но не и академиците
Следна вест64 ќесички дрога и шприцеви со црна течност пронајдени кај скопјанец