Еј, што се случува на кеј?

Градските власти со многу помпа најавија дека го реконструираат кејот на Вардар „13 ноември“ кај ГТЦ. Те ќе бил обновен, те ќе бил ослободен од многуте распослани кафеански тераси, те…

Ама изгледа тенди и металните конструкции во делот каде што се угостителски објекти пак си растат. Ќе се наруши ли најавениот нов изглед на кејот? Ваква дилема се појави откако по социјалните мрежи се појавија фотографии од подигањето на голема метална конструкција за тенда која бајаги ќе ја покрие реконструираната површина. Конструкцијата е многу поширока отколку што е предвидениот простор од неколку метри што можат да го користат угостителите според договорот со градските власти. 

Што се случува на Кеј? Според изјавите на градоначалникот угостителитее имаат само 2,5м од објектот за тераса. Ова се многу повеќе од 2,5 метри. Градат ли нелегално или се работи за нешто друго?, се наведува во објавата на социјалната мрежа Твитер на еден граѓанин кој ја снимил металната конструкција.

Прашањето упатено до градските власти, се чека од таму објаснување. Инаку, познато е, во периодот кога скопскиот градоначалник Петре Шилегов договараше дислокација на угостителски тераси за да може да се изврши реконструкцијата, првично беше договорено дека угостителите на располагање ќе имаат простор на плочникот широк два метра. Потоа,  се постигна договор таа површина наменета за кафеаните да биде широка 3,5 метри. Но, не беше наведено дали тоа подразбира горе да бидат поставени и метални конструкции и колку тие можат да бидат широки? На што ќе личи кејот ако сите угостители постават вакви или различни конструкции не е тешко да се претпостави.

Претходна вест„Господата на мотори“ по шести пат низ Скопје за подигање на свеста за ракт на простата
Следна вестСкопје се претвори во град на нереален елитизам каде преовладува интересот