Екс-директорот на Онкологија Васев: Сме земале лекови на реверес бидејќи не смееше да им се прекинe терапијата на пациентите

Апсолутно се согласувам дека реверсот не треба да се користи, но главна намена на реверсите беше да не се прекине биолошката терапија што пациентите почнале да ја примаатм изјави денеска екс-диркеторот на Клиника за Онкологија Нино Васев. Тој сведочеше пред парламентарна Анкетна комисија за склучајот „Онкологија“ по скандалот со продажбата на лекови на пациенти. Васев беше директор на Онкологија кога државните ревизори утврдија многу пропусти во работењетона оваа клиника.

Тој денеска рече дека набавка на лекови на реверес практикувале оти Хипократовата заклетва ги обврзува да не ги остават пациентите без лекови, а кога веќе е започната терапијата.

-Тендерската постапка за тие лекови беше почната, не е земен реверс без постапка. Постапката беше почната, но два-три месеци задоцни. Ниту јас ниту кој било не смееше да го загрози животот на пациентите што веќе почнале да ја примаат терапијата. Тие лекови значеа живот за нив и тоа е поскапо. Не знам што би кажал друго тука. Тука се крши Хипократовата заклетва со правната одговорност на Институтот. Тие две заклетви овде не може да ги споите. Па не сме зеле столови и градежен материјал, сме зеле лекови од една фирма кога и не може друга да конкурира, рече Васев укажувајќи дека три месеци пред да се потрошат лековите во резервите редовно ги известувале Фондот за здравство и Министерството за здравство.

Поранешниот директор Васев како свој неуспех призна дека го смета и тоа што не успеал да воведе пракса за стручен колегиум, на кој барем еднаш неделно сите лекари од Клиниката ќе седнат на исто место. Тој рече дека на Онкологија стручен колегиум не се одржал 10 години.

Тој праќал дописи до минситерството и Фондот за состојбата со лекови и немал информација дека се давал физиолошки раствор на пациент или пак дека се препродавала терапијата на пациентите освен двата случаи на кражба на лекови кои беа откриени.

Претходна вестМароканец му скршил прст на македонски полицаец
Следна вестМери Дика избрана за претседател на скопска Апелација