Екс-градоначалничката на Арачиново Миликија Халими стана инспекторка во Царина

Поранешната градоначалничка на Арачиново, од редовите на СДСМ, Миликија Халими се вработила во Царинската управа како инспектор во Сектор за контрола и истраги. Халими е вработена на определено време, а на работното место е со средно образование.

Ова го потврдија и од Царинската управа.

-Миликија Халими има заснован работен однос на определено време во Царинската управа од 01.10.2022 година, по спроведен јавен оглас за вработување на определено време, на работно место инспектор во Сектор за контрола и истраги, со средно образование согласно Правилникот за систематизација, соопштија од Царина.

На социјалните мрежи беше објавена слика од објавата на Миликија на Фејсбук во која и самата објавува дека се врботила во Царинската управа, но таа објава веќе е избришана.

Во време кога Миликије Халими беше градоначалничка на Арачиново истражувањето на Центарот за граѓански истражувања покажа дека оваа општина е единствената општина што воопшто не наплаќа данок на имот за 2017, 2018 и 2019 година. Образложението од општина Арачиново е тогаш беше дека немаат база на податоци на даночни обврзници, ниту даночно одделение.

Претходна вестСкопскиот маратон в недела ќе го трчат 8.500 натпреварувачи од 47 земји
Следна вестЧетиринаесет општини добија нови противпожарни возила