Елмас го соблече дуксерот додека чекаше на семафор за да го подари на фан

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас заедно со своите соиграчи од Наполи се во центарот на вниманието и уживаат во славата чекорејќи кон шампионската титула. Она што посебно ги воодушеви Италијанците е потегот на Елмас, кој се случил вчера на улиците на Неапол.

Имено, навивачите и фановите постојано ги следат „наполитанците“ особено по завршување на вчерашниот натпревар со Атланта, во кој домаќините водеа со резултат 2:0, па така, откако Елмас заедно со неколку соиграчи седел во автомобил и чекал на семафор, на барање на еден од навивачите тој го соблекол својот блузон и го подарил.

Ова ја воодушеви Италијанската јавност, па затоа веста за потегот на нашиот Елмас молскавично се рашири низ медиумите и социјалните мрежи.

Претходна вестМатурантите најавуваат: Ако нема намалување на државната матура ќе има протести
Следна вестМинималната плата стаса до 20.175 денари, Синдикатите бараат зголемување и на другите плати