Над 150 експерти од областа на енергетика ќе дебатираат на 35 панелски сесии на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој што денес се одржува во Скопје.
Под мотото „Од цели кон акција: Напојувајќи ја иднината со одржлива енергија”, а во организација на Министерството за енергетика, на Форумот ќе учествуваат над 600 учесници од 70 држави.
Премиерот Христијаn Мицкоски на отврорањето изјави дека енергетиката е поставена високо на државната агенда на Македонија, не како техничко прашање, туку како национален приоритет и државна стратегија.
„ Во изминатите месеци, направивме значителни чекори напред: започнавме интензивно со инвестиции во обновливи извори на енергија, воспоставивме јасни регулаторни рамки, изградивме енергетски интерконектори со соседните земји, започнавме програми за енергетска ефикасност во јавниот и приватниот сектор, изјави Мицкоски.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



