Ердоган до Финска и Шведска: Ако не испорачате 130 „терористи“, нема да влезете во НАТО

Финска и Шведска ќе мора да екстрадираат 130 „терористи“ пред ратификација на нивното барање за членство во НАТО во турскиот парламент, порача претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Тој особено ја нагласи Шведска како држава која мора да заземе појасен став против лицата кои официјална Анкара ги смета за терористи. Најголем дел од нив се курдски милитанти.

– Им рековме, ако не ни предадете терористи, вашето барање нема да мине во парламентот, изјави Ердоган, алудирајќи на заедничката прес-конференција што ја имаше со шведскиот премиер, Улф Кристерсон во ноември.

Портпаролот на Ердоган, Ибрахим Калин викендот ги предупреди Шведска и Финска оти времето тече и дека парламентот ќе ги потврди нивните барања пред парламентарните и претседателски избори во Турција во мај, доколку двете земји ги исполнат договореното.

Калин истакна дека Турција „не бара ништо што не е во рамки на законите“ на Шведска и на Финска и оти официјална Анкара е „многу реална“. Кристерсон, пак, одговори дека неговата земја во „добра позиција“ гледа на ратификацијата во Турција за членство во НАТО.

Претходна вестСо интернационална виртуелна школа ќе започне чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на Ацо Шопов
Следна вестСтар Аеродром доби нов паркинг со 60 места