Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган одговарајќи на новинарско прашање за содржината на извештајот на Европскиот парламент за Турција денеска изјави дека Анкара би можела да се раздели од Европската унија доколку биде потребно.
Во споменатиот извештај, усвоен претходно седмицава, стои дека процесот на придружување на Турција кон Европската унија не може да продолжи во сегашните околности и ја повикува ЕУ да ги „истражи можностите“ за промена на „паралелна и реална рамка“ кога станува збор за врските со Анкара.
Турција во 1963 година го потпиша договорот за придружување на Европската унија, тогаш Европска екомомска зааедница, а во 1987 година ја поднесе кандидатурата за членство во Унијата. Сепак, пристапните приговори започнаа дури во 2005 година и притоа досега повеќепати беа суспендирани поради конфликти меѓу Анкара и Брисел. Досега отворени се 16 од 35-те поглавја од турското преговарачко досие. Меѓутоа, последните години преговорите се блокиран главно поради надворешната политика што ја води Турција под водство на Ердоган, поради што Брисел изаразува загриженоста за кршење на човековите права и политувањето на владеењето на правото во земјата.
-Европската унија се обидува да се одвои од Турција. Ќе донесеме сопствени процени во однос на ваквиот развој на настаните и, доколку е потребно, можеме и да се разијдеме со ЕУ, изјави Ердоган за новинарите пред неговото патување на Њујорк на Генералното собрание на Обединетите нации.
Турското Министерство за надворешни работи претходно седмицава соопшти дека извештајот на Европскиот парламент содржи неосновани обвинувања и предрасуди, како и дека има „плиток и невзионерски“ пристап на врските на Турција со Европската унија.