Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека Израел мора да престане со „лудилото“ и да ги прекине нападите во Газа, пренесе АФП.
– Израелските бомбардирања врз Газа се интензивираа минатата ноќ и повторно беа насочени кон жени, деца и невини цивили и ја влошија тековната хуманитарна криза“, рече Ердоган на X. „Израел мора веднаш да го запре ова лудило и да ги прекине своите напади, истакна Ердоган.
Ердоган ги повика луѓето да присуствуваат на митинг за поддршка на Палестина на аеродромот Ататурк во Истанбул.